Достапни линкови

Кукан и Флекенштајн денеска во Белград


Поранешните пратеници во Европскиот парламент Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн

Поранешните пратеници во Европскиот парламент Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн денеска во Белград ќе разговараат со претставници на српската власт и опозицијата. Тие треба да ги слушнат ставовите на двете страни за да утврдат дали постои волја да се прифати помошта на европарламентот во решавање на кризата во односите меѓу власта и опозицијата. Кукан и Флекенштајн беа дел од тричлениот тим кој имаше клучна улога во постигнувањето на македонскиот Пржински договор во 2015 година со кој беше овозможено во декември 2016 година да се одржат парламентарни избори.

XS
SM
MD
LG