Достапни линкови

Најмалку 40 мигранти исчезнале кај Либија


илустрација

Најмалку 40 луѓе се водат како исчезнати и се страхува дека се удавиле откако брод со мигранти кој пловел кон Европа потонал на Средоземно море кај Либија, изјави претставник на Обединетите нации. Либиската крајбрежна стража соопшти дека од бродот биле спасени најмалку 65 луѓе, главно од Судан и оти потрагата по исчезнатите била прекината. Од почетокот на годинава досега, според податоците на ОН, на Медитаронот настрадале околу 860 мигранти, а во Европа дошле над 45.000 што е за пад за 30 насто во однос на претходната година.

XS
SM
MD
LG