Достапни линкови

Уште една партија ќе ги бојкотира изборите во Србија


Лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ

По Народната партија на Вук Јеремиќ, и опозициската Двери на Бошко Обрадовиќ донесе одлука да не учествува на редовните парламентарни и локални избори во Србија, следната пролет. Во соопштението на Двери се вели дека во последните девет месеци ништо не се сменило во однос на основните услови за слобода на медиумите и за фер и чесни избори.

„Тоа не се избори, тоа е гласање на измамените и присилуваните од страна на властите“, се вели во соопштението.

Исто така, од Двери бараат да се почитуваат законите и основните демократски стандарди за објективно информирање на јавноста во рамките на кои „може да се слушне и другата страна и различното мислење од тоа што го изнесуваат властите“, а кога станува збор за изборите, сите учесници мора да имаат рамноправен третман, „што во Србија долго време не е случај“.

XS
SM
MD
LG