Достапни линкови

Русковска: Камчев го спомнува Заев само дека пријавил кај него


Ниту премиерот Зоран Заев, ниту други политичари не се спомнати во исказот на Јордан Камчев. Заев е спомнат само во делот каде што кажа Камчев дека пријавил кај него, рече денеска обвинителката Вилма Русковска по седницата на Советот на јавни обвинители на која се расправаше за шефицата на СЈО, Катица Јанева, кој е осомничена и притворена за случајот „Рекет“.

„Не, воопшто не се спомнати. Апсолутно станува збор за дезинформација од одредени медиуми. Заев е спомнат само во делот каде што кажа Јордан Камчев дека пријавил кај него“, нагласи Русковска, одговорајќи на новинарски прашања.

Таа кажа дека се уште не утврдиле како протекол во јавноста дел од записникот од сведочењето на Камчев. На седницата на Советот на јавни обвинители, Русковска ги презентирала доказите за случајот „Рекет“, како и исказите од сведоците кои досега ги има собрано Обвинителството за организиран криминал и корупција.

XS
SM
MD
LG