Достапни линкови

„Медена земја“ ќе биде македонскиот кандидат за Оскар


Сцена од документарецот „Медена земја“

Документарниот филм „Медена земја“, режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, ќе биде македонски кандидат за Оскар, наградата на американската Филмска академија за 2020 година, одлучи Комисијата при Друштвото на филмски работници на Македонија.

Во конкуренција за кандидатурата беа и филмовите: „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ во режија на Теона Стругар-Митевска, „Еј“ во режија на Васил Христов, „Дедо и внук“ во режија на Илија Пиперковски, „Боите на Преспа“ во режија на Перо Попов и „Џезмен“ во режија на Аљоша Симјановски.

За филмот „Медена земја“, кој веќе тримфираше на најголемиот американски фестивал за независни филмови „Сандес“, со три освоени награди, гласаа членовите на Комисијата во состав: режисерите Игор Иванов и Дина Дума, продуцентката Ангела Несторовска, актерите Игор Ангелов и Аксел Мехмед, филмскиот монтажер и дизајнер на звук Сашко Потер Мицевски и мејкап дизајнерот Горан Игњатовски.

XS
SM
MD
LG