Достапни линкови

Во сообраќајна несреќа во Грција загинаа шестмина мигранти


илустрација

Грчката полиција соопшти дека шестмина мигранти загинале, а десетина други биле повредени кога џипот со кој се превезувале на северот на земјата се превртел во канал за наводнување. Несреќата се случила во близина на градот Александропулос кај грчката граница, а во џипот се наоѓале 16 мажи од Пакистан и Египет и двајца криумчари, Бугарин и Алжирец.

XS
SM
MD
LG