Достапни линкови

Седница на Собранието, на дневен ред и законот за ЈО


Седница на Собранието

Законот за Јавното обвинителство денеска влегува во собраниска процедура. Бидејќи се работи за закон со европско знаменце и скратена постапка тој треба да биде донесен до средината на септември. За да се постигне тоа е неопходен договор меѓу власта и опозицијата на нивните работни средби за законот за јавно обвинителство. Досега, како што беше соопштено по вчерашните разговори, била постигната согласност дека Катица Јанева повеќе не е предмет на дискусија дали да биде префрлена во новопланираното Обвинителство за гонење на висок криминал и корупција. За другите елементи за кои имаат различни мислења, страните не постигнаа напредок во преговорите.

XS
SM
MD
LG