Достапни линкови

САД и Јапонија се спогодија за трговски договор


Илустрација - Трамп и Абе на Г20

САД и Јапонија начелно се согласија за основните елементи на трговскиот договор, а американскиот претседател Доналд Трамп и јапонскиот премиер Шинзо Абе изјавија дека се надеваат дека спогодбата ќе биде потпишана идниот месец во Њујорк, објавија новинските агенции.

Ако договорот биде формализиран ќе се намалат трговските тензии помеѓу двата сојузници во време на ескалација на американско-кинеската трговска војна. Американскиот секретар за трговија Роберт Лајтизер истакна дека во договорот се вклучени земјоделството, царините за индустриските произвиди и дигиталната трговија. Царините на автомобилите остануваат непроменети.

XS
SM
MD
LG