Достапни линкови

Три проектили истрелани од Појасот Газа


израелски противракетен систем

Израелската војска соопшти дека синоќа биле истрелани три проектили од Појасот Газа и оти биле активирани сирените за воздушна тревога на југот на Израел. Како што е наведено, два проектила биле пресретнати од израелскиот противракетен систем, но ништо не е соопштено за третиот проектил. До ова доаѓа откако во саботата Израел изврши воздушни удари во Сирија. Целта биле ирански дронови подготвени да го нападнат Израел.

XS
SM
MD
LG