Достапни линкови

Макрон му кажал на Трамп за доаѓањето на иранскиот министер на Г7


Претседателот на Франција Емануел Макрон и шефот на иранската дипломатија Џавад Зариф

Претседателот на Франција Емануел Макрон лично го информирал американскиот претседател Доналд Трамп дека шефот на иранската дипломатија Џавад Зариф е поканет во Бијариц каде што се одржува самитот на Групата 7 најразвиени земји. Зариф синоќа по петчасовен престој го напуштил Бијариц, а претходно разговарал со Макрон и со дипломатите на Франција, Германија и Британија. Макрон ја презеде водечката улога во спасување на нуклеарниот договор што го напушти Вашингтон.

XS
SM
MD
LG