Достапни линкови

Ри Џонг-хо: Северна Кореја поддготвена и за дијалог и за конфронтации со САД


Северна Кореја е подготвена за дијалог, но и за конфронтации со САД, изјави севернокорејскиот министер за надворешни работи Ри Џонг-хо.

„Доколку САД се уште сонуваат за тоа дека се ќе постигнат со санкции, мораме или да ги пуштиме да продолжат да сонуваат или да им ги растуриме соништата. Ако се обидат да ни се спротивстават со санкции и не го напуштат таквиот конфронтирачки став, тоа ќе биде нивната погрешна сметка“, рече Ри, а пренесе севернокорејската агенција КЦНА.

Тој го обвини американскиот државен секретар Мајк Помпео дека „надвиснува темни сенки“ врз разговорите меѓу двете земји, тврдејќи дека Помпео е повеќе заинтересиран за сопствените политички амбиции отколку за актуелната надворешна политика на САД, пренесоа британските медиуми.

XS
SM
MD
LG