Достапни линкови

Германија ги зголемува резервите на таблетки од јод во случај на нуклеарен инцидент


илустрација

Германските власти ги зголемуваат резервите на таблетки од јод кои можат да им помогнат на граѓаните во случај на нуклеарен инцидент. Нарачани биле скоро 190 милиони таблетки за да се обезбеди, како што е наведено, „безбедна и масовна распределба во случај на радиолошка или нуклеарна криза“. Според проценките, тоа е за четири пати повеќе од сегашните резерви. Германија планира до 2022 година постепено да ги затвори сите нуклеарни централи, но неколку соседни земји како Белгија, Франција, Швајцарија и Чешка имаат нуклеарки.

XS
SM
MD
LG