Достапни линкови

Макрон: пожарите во Амазон се меѓународна криза


Францускиот претседател Емануел Mакрон

Францускиот претседател Емануел Mакрон изјави дека шумските пожари во Амазон претставуваат меѓународна криза. Тој притоа најави дека со лидерите на членките на Групата седум стопански најразвиени земји на светот на претстојниот викенд во Франција ќе разговара за „оваа вонредна состојба“. „Нашата куќа гори буквално. Амазон се белите дробови на нашата планета кои произведуваат 20 насто од нашиот кислород“, рече Макрон. Според бразилските власти, годинава во Амазон биле забележани над 75.000 шумски пожари, 84 насто повеќе од претходната година.

XS
SM
MD
LG