Достапни линкови

Почна седницата на Централниот одбор на СДСМ


Седиштето на СДСМ

Централниот одбор на СДСМ ја започна 11-та седница во седиштето на партијата во Скопје. Претходно се одржа и седница и на Извршниот одбор. Премиерот Зоран Заев изјави дека прва точка на Централниот одбор на СДСМ ќе биде случајот „Рекет“, а ќе се зборува и за сите останати актуелни политички случувања.

„Одговорноста ја утврдуваат истражните органи за секој што се огрешил пред законот, па дури ако постојат индиции за таа работа ние ќе побараме политичко оградување од него секако се додека не си ја докаже својата невиност или му се докаже вина“, изјави Заев за телевизија Сител на прашање дали ќе има одговорност и од функционери на СДСМ.


XS
SM
MD
LG