Достапни линкови

Заев: „Рекет“ прва точка на седницата на Централниот одбор на СДСМ


Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека прва точка на седницата на Централниот одбор на СДСМ ќе биде случајот „Рекет“, како и останатите актуелните политички случувања.

„Одговорноста ја утврдуваат истражните органи за секој што се огрешил пред законот, па дури ако постојат индиции за таа работа ние ќе побараме политичко оградување од него секако се додека не си ја докаже својата невиност или му се докаже вина“, изјави Заев за телевизија Сител на прашање дали ќе има одговорност и од функционери на СДСМ.

Тој додаде дека верува оти власта треба да биде најдобар пример на враќање на довербата на владеење на правото, правната држава. Заев порача и дека државата создала целосни услови, истражните и правосудните органи без разлика за кој се однесува, слободно да работат и да постапуваат, при што одлуките треба да се почитуваат од сите.

XS
SM
MD
LG