Достапни линкови

Макрон против нов договор за Брегзит пред крајниот рок


Францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Борис Џонсон

Францускиот претседател Емануел Макрон му порачал на британскиот премиер Борис Џонсон дека нема доволно време за нов договор за Брегзит пред крајниот рок на 31 октомври.

Двајцата лидери се сретнаа во Елисејската палата, при што Макрон оставил простор дза Британија да најде решение за ирскиот „бекстоп“, односно за заштитна мерка со која треба да се избегне физичка граница меѓу Ирска и Северна Ирска. Но, според Макрон, било која алтернатива мора да го почитува интегритетот на пазарот на ЕУ и стабилноста на поделениот остров.

XS
SM
MD
LG