Достапни линкови

Косовскиот Парламент се самораспушти


Косовскиот Парламент денеска се самораспушти, по што се очекува претседателот на државата, Хашим Тачи, да го одреди датумот за одржување на предвремени парламентарни избори, објавија агенциите.

За распуштање гласале 89 пратеници, еден бил воздражан, 2 против.

Претседателот Тачи, според извори од неговиот кабинет, планира да ги закаже изборите за на 6 октомври, а одлуката ќе ја објави утре, или најдоцна в понеделник, на 26 август, пренесе дописникот на МИА од Приштина.

XS
SM
MD
LG