Достапни линкови

Трамп најави неограничен притвор за семејствата на мигрантите


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп најави нова законска одредба која им овозможува на имиграциските власти да ги задржат семејствата на мигрантите во притворските центри на неодредено време, додека судот разгледува дали да им даде азил во САД, пренесува „Ројтерс“.

Согласно старата одлука, властите можеа да ги задржат семејствата на мигрантите најмногу 20 дена. Трамп им рече на новинарите дека неговата администрација сериозно сака да му стави крај на правото на државјанство за децата родени како не-државјани во САД, пренесува „Ројтерс“.

XS
SM
MD
LG