Достапни линкови

Трамп: Германија и Франција да ги примат назад борците на ИД


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика Франција, Германија и другите земји да ги прифатат нивните државјани кои се заробени како борци на терористичката организација Исламска држава во Сирија и Ирак. Трамп изјави дека САД и сојузниците држат илјадници борци на ИД откако оваа група ја принудиле да ја напушти последната територија која била под нејзина контрола во Сирија. „Доколку не ги примат, ќе немаме друг избор од тоа ние да им ги испратиме на земјите од каде што дојдоа“, рече Трамп.

XS
SM
MD
LG