Достапни линкови

ММФ ја укинува возрасната граница за директор за Георгиева


Кристалина Георгиева

Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд препорача да се укине возрасната граница за водечката функција во Фондот со цел да се отвори патот на тоа место да дојде Кристалина Георгиева од Бугарија. Таа има 66 години и во моментов не може да се кандидира со оглед на тоа што, според правилата на ММФ, директорите во моментот на кандидатурата треба да имаат под 65 години. Светската банка каде што Георгиева е извршен директор од 2017 година нема таков лимит.

XS
SM
MD
LG