Достапни линкови

Косовската забрана за македонски компир и мед останува, се бара решение


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Приштина се сретнал со косовскиот министер за трговија и индустрија Ендрит Шаља по мерката на Косово за забрана на увоз на компири и мед од земјава.

Бектеши и Шаља, како што објави електронското издание на косовскиот весник „Коха диторе“, а пренесе МИА, се согласиле до петок Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово да испрати извештај до македонската Агенција за храна и ветеринарство на соодветната програма за следење на производите, во овој случај на икрите од риби од Косово.

Министерот Бектеши истакнал дека оваа мерка не е преземена само за Косово, туку и за сите држави кои ја немаат имплементирано програмата за мониторирање во врска со производите од риба.

Шаља одговорил дека само откако ќе се укине забраната за косовската риба, може да се укине и реципрочната мерка за увоз на мед и компири од земјава.

XS
SM
MD
LG