Достапни линкови

Димитров и Османи во Данска реферирале за случајот „Рекет“


Случајот „Рекет“, реформите и преговорите за идниот статус на СЈО беа теми на денешните одделни средби на вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров во Копенхаген, со данскиот министер за надворешни работи, Јепе Кофод.

Како што соопшти МНР, на средбите, Османи и Димитров реферираа за политичките актуелности во земјата, за постигнатиот напредок во клучните реформски области, во создавањето на добрососедските односи, но и во зацврстувањето на внатрешната стабилност, како основа за подготвеноста на земјата за почеток на пристапните преговори со Европската Унија во октомври, оваа година.

„Османи и Димитров се осврнаа и на последните актуелности поврзани со случајот „Рекет“, пренесувајќи го ставот на Владата за безусловна поддршка на истражните и правосудните органи во насока на целосно, непристрасно, ефикасно и транспарентно расчистување со овој случај, без разлика кон кого ќе води, задржувајќи го со тоа и успехот од досега постигнатиот напредок во оваа област“, стои во соопштението од МНР.

XS
SM
MD
LG