Достапни линкови

Трамп: Имавме одличен разговор со премиерот Џонсон


Американскиот претседател Доналд Трамп и британскиот премиер Борис Џонсон телефонски разговарале за Брегзит и американско-британскиот договор за слободна трговија, објави новинската агенција „Ројтерс“.

„Одличен разговор со премиерот Џонсон. Разговаравме за Брегзит и како можеме да ги забрзаме работите околу американско-британскиот трговски договор“, напиша Трамп на „Твитер“.

Џонсон и Трамп зборуваа пред самитот на Г7 во Франција, а американскиот претседател додаде дека се радува на средбата со британскиот премиер во Бијариц во текот на викендот. Портпаролот на канцеларијата на Џонсон изјави дека разговарале за економски прашања, трговски односи, а британскиот премиер го информирал Трамп за последните случувања околу брегзит, пренесува „Ројтерс“.

XS
SM
MD
LG