Достапни линкови

Ердоган ја откажал посетата на Белград


Посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Србија најавена за 29 август е одложена, објави новинската агенција „Танјуг“, повикувајќи се на соопштение од турската амбасада во Белград.

„Турскиот претседател нема да дојде во Србија во текот на август и септември поради „усогласување на терминот“, соопшти турската амбасада.

Според неодамнешните најави, за време на посетата Ердоган и српскиот претседател Александар Вучиќ требаше свечено да го означат почетокот на изградба на автопатот Белград - Сараево, што треба да го гради турската компанија „Ташјапи“.

XS
SM
MD
LG