Достапни линкови

Џонсон е против отворена граница меѓу Република Ирска и Северна Ирска


Британскиот премиер Борис Џонсон го информирал претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, дека не може да го прифати решението за отворена граница меѓу Република Ирска и Северна Ирска, кое беше испреговарано со договорот за Брегзит меѓу неговата претходничка Тереза Меј и ЕУ, објавија новинските агенции.

Во писмото до Туска, Џонсон бара исклучување на правилото за Ирска, со кое се оневозможува цврста граница меѓу Обединетото Кралство и Ирска, затоа што, според него, со тоа неговата земја се приврзува кон ЕУ дури и по Брегзит. Џонсон смета дека тоа решение се коси со сувереноста на Обединетото кралство.

„Бекстоп“ решението е гаранција дека границата меѓу Северна Ирска и Република Ирска ќе остане отворена како и досега.

XS
SM
MD
LG