Достапни линкови

Јанева: Се надевам дека со мојот исказ ќе се забрза истрагата за „Рекет“


Се надевам дека со моите аргументи ќе ја забрзам истрагата, изјави утрово специјалната обвинителка Катица Јанева пред да влезе во ОЈО да даде исказ за случајот „Рекет.

„Јас сум сѐ уште специјален јавен обвинител. Моите обвинители работат и се надевам дека оваа есен ќе имаме разрешници на случаи. Што се однесува до мојот денешен исказ се надевам дека со моите аргументи ќе ја забрзам истрагата“, рече Јанева.

Јанева пред Обвинителството ја пречека адвокатот Стеван Павлевски, кој е поранешен јавен обвинител.

Јанева е повикана на сослушување по објавувањето на снимките на италијанскиот весник „Ла Верита“, поврзани со случајот „Рекет“, а во кои се слуша и нејзиниот глас.

XS
SM
MD
LG