Достапни линкови

Шојгу: Вежбавме, а не ги заплашувавме САД


„Руските стратешки бомбардери Тупољев 160 минатата недела изведоа планирани летови до Чукотскиот автономен регион и целта не им беше застрашување на САД, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу за „Русија 24“.

„Ние го правиме тоа што го правевме и претходно. Нашите стратешки бомбардери од долг досег почнаа да спроведуваат летови до областите до кои летаа и во минатото. Летовите беа изведени според однапред предвиден распоред“, рече Шојгу, коментирајќи го тоа што двата бомбардера „ТУ-160“ одлетаа до аеродромот во Анадир и се вратија во Сараватовската област, на југот на Русија.

Во интервју за телевизијата „Русија 24“ Шојгу додаде дека САД биле свесни за летовите на руските авиони.

„Како е можно застрашување на своите соседи со употреба на стратешки бомбардери?, Рече Шојгу.

XS
SM
MD
LG