Достапни линкови

Денеска средба Макрон - Путин


Владимир Путин и Емануел Макрон

Претседателите на Франција и Русија, Емануел Макрон и Владимир Путин, денеска попладне ќе се сретнат во Брегансон, летната резиденција на францускиот претседател, на пет дена пред самитот на Г7 во Бијариц, на кој рускиот претседател не е поканет.

Според најавите, пренесуваат новинските агенции, двајцата претседатели треба да разговараат за конфликтот во проруските сепаратистички региони во источна Украина, поради што Русија, покрај анексијата на Крим, ја доведе до исклучување од Г8 и до санкции од ЕУ. Макрон и Путин треба да разговараат и за меѓународните кризи каде Русија игра клучна улога, особено војната во Сирија и тензиите меѓу Иран и САД околу нуклеарниот договор.

Оваа средба, доаѓа на само пет дена од почетокот на Самитот на Г7 (седумте најголеми економски сили) во Бијариц, и е начин Париз повторно да ја вклучи Русија во овој глобален настан од каде беше исклучена во 2014 година, објавуваат агенциите.

XS
SM
MD
LG