Достапни линкови

Во Турција уапсени 418 лица поврзани со Курдската работничка партија


Илустрација

Во рамки на истрагата против осомничени за поврзаност со забранетата Курдска работничка партија (ПКК), турската полиција уапси 418 лица во 29 провинции , објавија новинските агенции. Поради истрагата во врска со тероризам, турските власти ги смениле прокурдските градоначалници во Дијарбекир, Ван и Мардин и на нивно место поставиле државни гувернери во овие провинции во југоисточниот дел на земјата, соопшти турското Министерство за внатрешни работи.

„Тројцата градоначалници се обвинети за различни кривични дела, вклучувајќи и членство во терористичка организација и ширење терористичка пропаганда“, соопшти турското МВР.

Поради сомнеж за поврзаност со забранетата ПКК, турските власти во 2016 година сменија десетина градоначалници во југоисточниот дел на земјата, кој е населен главно со Курди, а истите се заменети со државни службеници.

XS
SM
MD
LG