Достапни линкови

Фетаи: СЈО продолжува со работа, „Рекет“ не можам да го коментирам


Фатиме Фетаи

Обвинителката Фатиме Фетаи од СЈО, утрово, пред почетокот на судењето за предметот „Титаник 3“, одби да го коментира случајот „Рекет“, што го води Јавното обвинителство за борба против организираниот криминал.

„Не би можела да коментирам за тоа. Постапката „Рекет“ ја води друго Обвинителство кое што е надлежно. За тоа навистина не сакам во ниту еден момент да се мешам“, рече Фетаи.

Таа додаде најважно е тоа дека СЈО продолжува со својата работа.

„Ете денеска имаме судење за предметот „Титаник 3“ кое е пред завршна фаза. Ние си продолжуваме со работа“, додаде обвинителката.

XS
SM
MD
LG