Достапни линкови

Советник на Белата куќа: Трамп е заинтересиран за Гренланд


претседателот Доналд Трамп

Економскиот советник на Белата куќа Лери Кадлоу потврди дека претседателот Доналд Трамп сака да го разгледа купувањето на Гренланд иако таа автономна област на Данска соопшти дека не е на продажба. Кадлоу за Фокс њуз изјави дека не сака да предвидува што би можело да се случи, но дека Гренланд кој се наоѓа меѓу Атлантскиот и Северниот океан го опиша како стратешко место со многу вредни минерали. Трамп во септември би требало да ја посети Данска во рамките на неговата европска турнеја.

XS
SM
MD
LG