Достапни линкови

Вучиќ: кинескиот претседател би имал невиден пречек во Белград


Српскиот претседател Александар Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја замолил кинеската амбасадорка Чен Во, како и претседателот на Советот за соработка со Кина и Русија Томислав Николиќ да му ја пренесат неговата покана до кинескиот претседател Си Џинпинг да дојде во Србија. Тој притоа вети дека ќе му приреди пречек каков што го немал никаде. На свеченоста повод отворањето на патот Обреновац-Љиг во чија изградба учествуваше и Кина, Вучиќ истакна дека двете земји имаат „челично пријателство“.

XS
SM
MD
LG