Достапни линкови

Трамп: Кина да не реагира на протестите во Хонг Конг


протести во Хонг Конг

Десетици илјади луѓе единаесет недели излегуваат на продемократските протести во Хонг Конг кои веќе три дена завршуваат без судири меѓу нив и полицијата. Демонстрантите се против напорите на Кина да ги зацврсти политичките и законските мерки во овој регион кој има специјален статус во рамките на Кина. Американскиот претседател Доналд Трамп ја предупреди Кина дека доколку покрене мерки за справување со протестите во Хонг Конг слични на оние на плоштадот Тјенанмен во Пекинг тоа би довело до нарушување на трговските разговори меѓу двете земји.

XS
SM
MD
LG