Достапни линкови

Локализиран пожарот кај Пинтија


илустрација

Целосно е локализиран пожарот кај Пинтија, но останува дел над населбата Усје. Противпожарни екипи се на терен и се работи на негово комплетно гаснење, информираат од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје. Пожарот избувна вчера околу 11:30 часот во шумата над скопската населба Пинтија. Зафатена беше поголема површина мешана шума. Територијалната противпожарна единица на Град Скопје во гаснењето на пожарот доби помош и од воздух, активирани беа и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување. Aктивен е само пожарот кај Обиколница Бутел, а изгаснати се пожарите во Долно Блаце и Мојанци.

XS
SM
MD
LG