Достапни линкови

Турција спречила 300 мигранти да преминат во Грција


Илустрација, заробени мигранти, архивска фотографија

Турските власти соопштија дека викендов спречиле над 300 мигранти да преминат на грчкиот остров Лезбос. Крајбрежната стража во западниот дел на Чанак Кале соопшти дека во саботата вечер спровела неколку акции за да ги спречи мигрантите во обид да премина на грчкиот остров. Во изминатава недела биле задржани 700 мигранти покрај турските плажи кои доаѓаат од Авганистан, Сирија и Иран, е наведено во извештајот на крајбрежната стража.

Според податоците на ОН, бројот а мигранти кои преку Медитеранот од Северна Африка пристигнуваат во ЕУ е намален од 362 илјади во 2016 година на 173 илјади во 2017 година.

XS
SM
MD
LG