Достапни линкови

Втор обид за напад од Појасот Газа кон Израел


Israeli army

Израелската војска соопшти дека три ракети вчера биле испукани од Појасот Газа врз јужниот дел на Израел. Наведено е дека противвоздушната одбрана соборила две ракети. Ова е втор инцидент со ракети од Газа во последните 24 часа. За сега нема информации за можни повредени.

Израел претходно вчера бомбардираше две цели на исламистичкиот Хамас, кој владее во Појасот Газа. Владата на Ерусалим го обвинува Хамас за секој напад што потекнува од палестинската енклава.

XS
SM
MD
LG