Достапни линкови

Експлозија на свадба во Кабул уби над 60 луѓе


Најмалку 63 луѓе загинале, а над 180 се ранети при експлозија на бомба за време на свадба во сала во Кабул. Ова е најсмртоносниот напад во изминатава година во Авганистан, иако преговорите меѓу Вашингтон и Талибанците се во последна фаза за ставање на крај на речиси 18 годишна војна.

Талибанците негираат одговорност за нападот, а портпаролот на Талибанците Забухулалу Муахахид го осуди нападот, јави новинската агенција ДПА. Роднините на младоженецот велат дека на свадбата биле поканети над илјада гости. Напаѓачот го поставил експлозивот во близина на сцената каде што имало многу мали деца, објаснуваат тие.

„ Јас бев во другата просторија со зетот кога слушнавме експлозија, сите лежеа наоколу, беше страшна глетка, не можев да најдам никого“, изјави еден од преживеаните.

XS
SM
MD
LG