Достапни линкови

МОН:Повисоки плати во образование од септември


Министерството за образование денеска преку соопштение најави дека од следниот месец е предвидено покачување на платите на вработените во основното, средното и високото образование. Ваквиот одговор доаѓа откако Независниот синдикат за образование побара повисоки платим истакнувајќи дека минатогодишното зголемување од пет проценти не го решава егизтенцијалниот проблем на просветните работници.

Како што наведува МОН во соопштението, тие ги поддржуваат барањата на синдикатите за унапредување на правата на вработените во образованието и тоа, како што посочуваат, претставува врвен приоритет за кој имаат изготвено план кој веќе се спроведува.

По однос на недостигот на кадар по предметите математика, хемија и физика, од МОН информираат дека ја детектирале состојбата и во таа насока веќе неколку години се доделуваат стипендии во вредност од 18.000 денари на месечно ниво за студенти кои ќе се запишат на студиски програми од овие области, со цел обезбедување на кадар кој потоа ќе пренесува знаење на основците и средношколците.

XS
SM
MD
LG