Достапни линкови

Могерини бара инклузивен дијалог за Хонг Конг


Европската Унија со повик за „широк и инклузивен дијалог “ за решавање на кризата во Хонг Конг. Еврокомесарката Фредерика Могерини денеска изјави дека од суштинско значење е да се покаже дека воздржаност и да се одбегне насилство, како и да се преземат итни мерки за решавање на проблемите. Протестите стартуваа во јуни поради предлог закон за екстрадиција која предвидува да се предадат осомничени на Пекинг. Набрзо Владата се откажа од тој предлог закон, но демонстрантите стравуваат дека Хонг Конг ќе го загуби автономниот статус.

XS
SM
MD
LG