Достапни линкови

Пакистан ги поздравува разговори за Кашмир во ОН


Пакистанскиот премиер Имран Кан ја поздрави одлуката на ОН за преговори околу тензиите во спорниот регион Кашмир. Советот за безбедност засега не презеде никакви активности по вчерашниот затворен состанок на кој беа повикани Кина и Пакистан.

Ситуацијата во регионот се влоши откако Њу Делхи донесе одлука со која на почетокот на месецов стави крај на повеќедецениската автономија во регионот каде што под контрола го држи мнозинството Муслимани. Кан на својот Твитер профил напиша дека ОН има одговорност кој луѓето кои страдаат во Кашмир и дека треба да обезбеди резолуција за овој проблем.

Претставникот на владата од Њу Делхи во ООН Сид Акбарудин изрази негодување поради отворањето на разговорите во Советот.

„Не ни требаат меѓународни тела да ни кажуваат како да си го живееме животот. Ние сме повеќе од милијарда луѓе“ изјави тој по вчерашните разговори.

Индија распредели дополнителни трупи од 10 илјади војници, кои има се приклучија на останатите половина милион кој е распределен кон територијата што е под контрола на Индија, стравувајќи од насилен одговор на нејзиниот потег за ставање крај на автономниот статус на Кашмир.

XS
SM
MD
LG