Достапни линкови

Почина основачот на ТВ Кисс од Тетово


Злате Тодоровски, основач и сопственик на Радио и Телевизија Кисс од Тетово.

По кратко боледување денеска почина Злате Тодоровски, основач и сопственик на Радио и Телевизија Кисс од Тетово. Тодоровски почина на 64 години. Злате Тодоровски ја основа Телевизија Кисс во 1994 година и во тоа време беше една од првите приватни телевизиски куќи во Македонија. Во радиото и телевизијата Тодоровски иницираше голем број проекти,емисии и други видови медиумски производи, а ги поддржуваше сите иницијативи на вработените за проширување на програмските пакети.

XS
SM
MD
LG