Достапни линкови

Нови протести во Хонг Конг


Архивска фотографија, протести во Хонгонг, 13 август 2019

Во Хонг Конг денеска продолжуваат протестите против властите, на кои во знак на поддршка кон демонстрантите им се приклучија и наставниците. Тие бараат од Владата бараат да престане да се служи со полициско насилство за растерување на учесниците во протестот. Тие го преполнија главниот плоштад со транспаренти на кои пишува „Заштитете ја следната генерација“.

Ова е десетта седмица како што се одржуваат протести во Хонгконг, кои не покажуваат знаци на намалување на масовноста. Демонстрантите бараат оставка на градскиот лидер, демократски избори и независна истрага поради употребата на полициска сила.

XS
SM
MD
LG