Достапни линкови

САД по Британија го напуштија членството во косовската АККВП


Илистрација

Американската амбасада во Приштина, исто како и британската, го повлече својот претставник од косовската Агенција за споредување и верификација на имот (АККВП). Ваквата одлука е донесена откако пред неколку месеци во одборот на таа Агенција е избран Насер Шаља, поранешен командант на ОВК, кого претставниците на дипломатските мисии во Приштина го сметаат за неквалификуван, јавуваат косовските медиуми.

Американскиот амбасадор во Приштина, Филип Коснет изјави дека поднел оставка од членство во одборот на АККВП.

„САД поднесоа оставка во Одборот на косовската Агенција за споредување и верификација на имот, како што тоа претходно го направи и Велика Британија. Нема да продолжиме да учествуваме, бидејќи раководството на тој одбор повеќе им служи на некои лични и политички интереси, отколку на луѓето. Изборот на неквалификувани лица на владини позиции го нарушува имиџот на Косово и ја губи довербата на народот,“ напиша Коснет на Твитер.

Коснет пред неколку месеци јавно побара од Шаља да поднесе оставка на таа функција, но косовскиот Парламент сепак го верификуваше неговиот избор.

XS
SM
MD
LG