Достапни линкови

Мицкоски: Заев е на колена, ние ќе ја обновиме Македонија


Криминалот од вакви размери не е можен без поддршка од Зоран Заев. Катица Јанева не е во притвор, а може да избега, може да влијае на сведоците и како прв човек на СЈО да го повтори делото. Катица Јанева е само продолжена рака на главниот во овој октопод, обвини денеска лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес конференција.

Според него, Заев е на колена, октоподот е во слободен пад и доаѓала обнова на Македонија со владата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев е во состојба да се откаже од сите само за да се спаси себе. Некои велат Катица е следната, но тоа за граѓаните во Македонија значи само уште еден криминалец помалку на слобода. Некои велат дека нема тука застане. Никако да дојдеме до главниот а тоа е оној што го осмилил и аминувал тој криминал“, рече Мицкоски.

Тој праша „какви докази крие семејството на еден од осомничените“, и како што рече, „кој сѐ е вкчуен во таа белградска врска на мешетари платени со македонски пари, кои се луѓето кои се офајдиле од куфер политиката, како и на што се должи заострувањето на политиката кон Катица Јанева“.

На новинарско прашање дали има докази за обвинувањата искажани на прес конференцијата, Мицкоски рече дека за т.н. белградска врска немал докази и затоа поставил прашање, а за другите обвинувања рече дека „доказите не се кажуваат на прес конференции туку се носат во надлежни институции“.

XS
SM
MD
LG