Достапни линкови

Пјонгјанг ги замрзна преговорите со Сеул


Официјален Пјонгјанг ги прекина преговорите со Сеул и за тоа го обвини „дејствувањето на Јужна Кореја, односно воените вежби кои Јужна Кореја ги изведува со армијата на САД“, објави Би-Би-Си.

Одлукатаза замрзнување на преговорите била донесена синоќа, по говор на претседателот на Јужна Кореја, Мун џе-ин, по повод денот на ослободувањето на Кореја од јапонското владеење, во кој тој вети дека ќе го обедини Корејскиот Полуостров до 2045 година.

Северна Кореја во официјалното соопштени вели дека е „доведена во прашање оправданоста на преговорите кога Јужна Кореја продолжува со заеднички воени вежби со САД додека зборува за мирна економија или мирен режим“.

„Јужнокорејскиот претседател од една страна зборува за преговорите Север-Југ, а од друга вежба воени сценарија преку кои планира да уништи поголем дел од нашата војска за 90 дена. Тоа е навистина бесрамен човек”, пишува во соопштението од официјален Пјонгјанг, објавија агенциите.

XS
SM
MD
LG