Достапни линкови

Оштетени или извадени дел од новите табли според Преспанскиот договор


Дел од новите табли, што според Преспанскиот договор, вчера беа поставени на спомениците, се извадени или уништени. Новата ознака што беше поставена вчера на споменикот на Филип Втори на скопскиот плоштад „Карпошово востание“, ноќеска е извадена и украдена, а на споменикот на Олимпија е оштетена. Оштетена е, но и натаму стои залепена, ознаката на споменикот на Александар Македонски на централниот плоштад во Скопје

На ознаките, согласно Преспанскиот договор, на македонски, албански и на англиски јазик пишува дека овие споеници припаѓаат на античката хеленска историја и на светското културно наследство. Поставување на ознаките во Скопје е во надлежност на градските власти и е под видео надзор и редарска служба.

XS
SM
MD
LG