Достапни линкови

Рустеми од СЈО денеска на исказ за „Рекет“


Обвинителот од СЈО, Бурим Рустеми, денеска треба да даде исказ во Обвинителството за организиран криминал за случајот „Рекет”. Тој требаше да сведочи вчера, но беше одложено поради рочиштето за предметот „ТНТ”, каде Рустеми е застапник на обвинението.

Во Обвинителството за организиран криминал за случајот „Рекет“ веќе сведочеа од специјалните обвинителки Елизабета Јосифовска и Лиле Стефанова, а за во вторник покана добила и шефицата на СЈО, Катица Канева.

XS
SM
MD
LG