Достапни линкови

Средба на министрите за одбрана на Русија и на Венецуела


претседателот на Венцуела Николас Мадуро и министерот за одбрана Владимир Падрио

Министрите за одбрана на Русија и на Венецуела Сергеј Шојгу и Владимир Падрио во Москва разговарале за воената соработка меѓу двете земји. Шојгу на состанокот, како што јавуваат руските медиуми, ги поздравил напорите на Венецуела да не им потклекне на обидите на САД да ја урнат владата во Каракас. Русија го поддржува претседателот Николас Мадуро, додека САД и десетина други земји лидерот на опозицијата Хуан Гваидо кој го признаваат како преоден претседател. Венецуела со месеци се наоѓа во длабока политичка и економска криза.

XS
SM
MD
LG