Достапни линкови

Состанок на СБ на ОН за Кашмир


Советот за безбедност на Обединетите нации

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи седница зад затворена врата за ситуацијата во Кашмир. Индиските власти неодамна ја укинаа уставната автономија во дел од Кашмир и усвоија одредба со која се укинува специјалниот статус на тој регион кој беше гарантиран со индискиот устав. Индија тврди дека одлуката за одземање на специјалниот статус на Кашмир ќе го ослободи тоа подрачје од сепаратизам. Кашмир е област околу која се спорат Индија и Пакистан.

XS
SM
MD
LG