Достапни линкови

150-те мигранти на Средоземно море ќе ги преземат 6 членки на ЕУ


илустрација

Италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави дека шест членки на ЕУ се согласиле да преземат околу 150 мигранти кои се блокирани на Средоземно море. Мигрантите се наоѓаат на брод на шпанската хуманитарна организација „Проактива опен армс“ откако беа пронајдени кај брегот на Либија во почетокот на август. Конте во писмото до италијанскиот министер за внатрешни работи Салвини навел дека мигрантите ќе ги преземат Франција, Германија, Романија, Португалија, Шпанија и Луксембург.

XS
SM
MD
LG